По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, СОУ „Љупчо Сантов“ и Општина Кочани организираа дебата на тема „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена“, што претставува овогодишна глобална тема за празникот и е дел од Програмата за жени на Обединетите нации – UN Women. Со средношколците дебатираа жени – претприемачки, инженерки, активисти кои прават промена и професорки. На дебатата стана збор не  само за значењето на празникот 8-ми Март туку повеќе за тоа како овој празник се отсликува во контекст на она што е темата на овогодишната  прослава на 8-ми Март од страна на Програмата за жени на Обединетите Нации а тоа е жените и претприемништвото,  иновациите и економското зајакнување на жените.

„Многу се радувам што општина Кочани се реши на еден ваков настан и што ме покани бидејќи на тој начин и ние од Скопје се потсетивме дека треба дел од овие настани поврзани со прославата и промоцијата на прашањето на еднаквоста на жените кој што најчесто се појавува во јавноста и станува актуелно по повод осми март сега и да се симне на локално ниво и да се децентрализира малку повеќе и да може да се стекнат нови знаења, увиди,  размислувања, да се отвори дискусија на ова прашање кое што често пати во јавноста знае да отвори горливи прашања и теми“, рече Кристина Хаџивасилева, ментор за родова еднаквост на општина Кочани.

Присутните на дебатата ги поздрави директорот на гимназијата Игор Христов и градоначалникот Николчо Илијев. Настанот е дел и од активностите од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Кочани, а целта е на младите да им се предочи значењето на долгогодишната борба за родова еднаквост и да се најдат начини да се премостат пречките и да се забрза прогресот кон економската, социјалната и политичката еднаквост.

82

83

84

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари