ПРЕД  ПЕДЕСЕТ  ГОДИНИ  –  АБАЗОВ  ГОЛМАН  НА  ЕСЕНСКИОТ  ДЕЛ  ОД  ПРВЕНСТВОТО

Изминаа точно педесет гдини од објавувањето на написот во весникот „Вечер“ од 10 јануари 1969 година,кога голманот на Фудбалскиот клуб „Оосогово“ од Кочани,Славчо Абазв беше прогласен за голмн на есенскиот дел од првенството.

Имено во изборот на спортските новинари кои известуваат од спортските натпревари во тогашната Прва Македоска фудбалска лига, голманот на Осогово Абазов со освоени 3,80 бода се најде на првото место на табелата на десетте најуспешни спортисти во

натпреварувачката сезона 1968/1969 година.

Веднаш зад Абазов се пласираше Коцевски – ФК„Тетекс“ со 3,19 бода, а понатаму следуваа: Димитрвски – ФК„БСК’, Ќук – ФК„Караорман“,  Ѓулаи – ФК„Маврово“, Гелебешев – ФК„Кожув“, Костадинов – ФК„Беласица“, Савиќ – ФК„Охрид“, Трајковски

ФК„ФЦУ“ и на десеттото место Пулетиќ – ФК „КСК“.

Инаку во весникот „Вечер“ е објавен и напис под наслов„Селекторе повелете“ во кој напис е објавен списокот на тимовите„ А“ и „Б“, каде што во тимот А голман е Слвчо Абазов а мегу фудбалерите во „А“ тимот е и Митко Атанасов од ФК„Осогово“.

Овие два написа објавени во весникот „Вечер“ од 27 декември 1968 година и од 10 јануари 1969 година се само убав пример и добра документација за помладите геренации за тоа дека ФК„Осогово“ од Кочани имаше врвни голмани и фудбалери кои и пред педесет години значеа многу во македонскиот фудбл и на чии упеси треба да се гордеат сите љубители н фудбалот во Кочани и регионот.

К. Герасимов

53528428_639356996518329_8279934856280932352_n

 

P1080053

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари