Од Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“ што денес се одржа во Скопје, каратистите од Карате Клуб „Кочани“ се вратија со 7 освоени медали, од кои 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени.

Златниот медал го освои Елена Стојанова во категоријата учесник до 44 кгр, а сребрените ги освоија Сандра Настеска – категорија учесник до 36 кгр. и Наталија Карова – помлади кадети до 45 кгр.

Третото место воедно и освојувачи на бронзените медали се: Верица Карова – кадети +54 кгр.; Драгана Нисева – кадети до 54 кгр.; Илија Охомуш – помлади кадети до 48 кгр. и Љубомир Давитков – јуниори до 76 кгр.

Инаку КК „Кочани“ на турнирот учествуваше со 10 каратисти кои беа во конкуренција на 450 натпреварувачи од 50 клубови.

С. Ивановски

3332

3435

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари