Во организација на Карате Федерацијата на Македонија, денес во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Фунакоши Гичин 2019“.

Во конкуренција на 450 натпреварувачи од 50 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина“, Словенија и Косово, каратистите на „Партизан“ од Кочани настапија со 9 борачи кои се натпреваруваа во 12 дисциплини.

Освоени се девет медали од кои 6 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Златните медали ги освоија:

Филип Стојанов во категоријата учесник до 42 килограми

Мартина Шахинова – кадети +54 килограми

Ѓорѓи Петров – кадети до 57 килограми и до 63 килограми

Роберто Здравковски – кадети до 70 килограми и јуниори до 68 килограми.

Сребрениот медал го освои кристијан Грозданов – кадети до 52 килограми.

Двете бронзи ги освои Благоја Тасески помлади кадети до 41 килограм и во истата категорија до 46 килограми.

Натпреварувачката на „Партизан“ Мартина Шахинова ја доби титулата за најдобар натпреварувач со најдобри прикажани борби.

Она што каратистите на Партизан“ го започнаа премиерно за оваа година во „Лесковац“, денес го продолжија во Скопје.

С. Ивановски

2322

272629

282425

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари