Девојчињата на ЖФК „Кочани“ со пораз го отворија пролетниот дел на првенството во Првата Фудбалска Лига за жени. Во првото есенско коло 14-то по ред,  „жетварките“ загубија како гости од екипата на „Речица“ со 2:0.

Лидерот „Драгон“ како и второпласираниот „СЦ Истатов“ без поголеми проблеми ги совладаа своите противници. „Тиверија“ како домаќин поуспешна од дебитантот „Прилеп“ а единствено „Ас Јунајтед“ им се израдува на трите бодови како гостин.

Резултати од 14-тото коло:

„Речица“ – „Кочани“  2:0

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  8:0

„Тиверија“ – „Прилеп“  3:1

„СЦ Истатов“ – „Атлетико“  8:0

„Драгон“ – „Борец“  7:0

„Топ Гол“ – „Ас Јунајтед“  3:5

„Љуботен“ – „Тетово“  1:1

Во следното 15-то коло „Кочани“ ја пречекува екипата на „Истатов“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари