Велат дека традицијата е главната карактеристика за една нација, за еден народ. Дека традицијата е она препознатливото за тој народ, за таа нација.

Денес е токму еден од тие денови по кои како народ бевме препознатливи, денес е Прочка, ден кога треба сите меѓусебно да си простиме за сето она што еден кон друг сме го погрешиле. Така остануваме чисти и пред самите себе, но и пред Господ.

За жал по неколку децении ние самите почнавме да си ја уништуваме традицијата, нашето го исфрливме а го прифативме она што „нашите гости“ ни го наметнаа.

Враќајќи се децении наназад, гледајќи ги веќе пожолтените фотографии ќе разбереме за каква традиција станува збор. На прочка сите бевме поинакви во облекувањето, й децата и возрасните, но сите бевме исти по почитта кон тој ден.

Па ајде да си простиме еден на друг, да ја сочуваме барем малку традицијата, а со традицијата ќе го сочуваме и народот и нацијата.

С. Ивановски

1.(18.03.1956-Procka)f40f87

4.Прочка

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари