Во саботата во Виница се одиграа натпреварите од вториот турнир на мини-лигата на Металург за „Регион исток“.

По одиграните натпревари и постигнатите резултати веќе е јасно дека ракометарите на „Младинец“ од Кочани со генерациите „Момчиња 2004/2005“ и „Момчиња 2008 и помлади“ обезбедија пласман за Фајнал-фор што ќе се одржи во Скопје а на две кола до крајот иако се второпласирани реални се шансите и на генерацијата „Девојчиња 2006/2007“.

На турнирот во Виница учествуваа екипите од Кочани, Македонска Каменица, Берово, Крива Паланка, Пробиштип и домаќинот Виница.

Резултати:

Генерација „Момчиња 2006/2007“

„Весна акумулатори“ – „Астра спорт“  09:18

„Торо спорт“ – „Младинец“  15:14

„Дедо Иљо Малешевски“ – „Крива Паланка“  14:07

„Крива Паланка“ – „Весна акумулатори“  11:09

„Астра спорт“ – „Торо спорт“  12:16

„Младинец“ – „Дедо Иљо Малешевски“  17:16

Генерација „Момчиња 2004/2005“

„Дедо Иљо Малешевски“ – „Младинец“  08:18

Генерација „Момчиња 2008 и помлади“

„Младинец“ – „Крива Паланка 3“  12:01

„Крива Паланка 1“ – „крива Паланка 2“  06:04

Генерација „девојчиња 2006/2007“

„Астра спорт“ – „Младинец“  10:04

„Дедо Иљо Малешевски“ – „Крива Паланка“  21:04

Генерација „Девојчиња 2008 и помлади“

„Крива Паланка 2“ – „крива Паланка 1“  04:07

С. Ивановски

42

43

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари