Тимот од ученици и професори од СОУ „Љупчо Сантов“ кои учествуваа во проектот „Доживотна математика“ од Erasmus+ во петок (08.03.2019 год.) се вратија од средбата во Романија. Учесниците учествуваа во математичка олимпијада и посетија часови по математичко моделирање.

Овој проект на учениците и наставниците им овозможи да се стекнат со нови искуства, техники за работа и на еден позабавен начин да се соочат со математичките проблеми.

Резулататите од математичката олимпијада ќе бидат објавени на финалната средба која ќе се реализира во јуни 2019 год. во Италија. Тимот денес изјави дека се задоволни и благодарни на програмата Ерасмус+ која го овозможи овој проект и топло препорачаа на нивните соученици и тие исто така да се вклучуваат во вакви проекти и да разменуваат нови искуства.

УМКА

СОУ „Љупчо Сантов“

52

53

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари