11.3.2019 г.

Во врска со соопштението упатено до јавноста од претседателот на Третата фудбалска лига – исток, Владо Андов, во кое се тврди дека без финансиски средства кои претежно се обезбедуваат од единиците на локалната самоуправа од источниот дел на Македонија не може да се организираат фудбалските натпревари во источниот дел на Македонија, Општина Кочани информира дека уредно ги има исплатено парите на третолигашот ГФК „Осогово“.

Средствата за првото тримесечје од годинава наменети за ГФК „Осогово“, одобрени од Советот на Општина Кочани, уредно се исплатени. Општина Кочани нема никаква вина што ГФК „Осогово“ нема уплатено котизација, затоа што, од предвидените 950.000 денари, на ГФК „Осогово“ му се исплатени 230.000, согласно правилото за исплата на една четвртина во секое тримесечје.

Исто така и за одржување на Градскиот стадион „Никола Мантов“ се исплатени уште 100.000 денари или вкупно 330.000 денари. Тоа значи дека до 31 март 2019 година, Општина Кочани нема неисплатени обврски кон ГФК „Кочани“.

Исплатата на средствата за следното тримесечје е до 30 јуни, и таа ќе се реализира без проблем, бидејќи дотогаш Претседателските избори ќе бидат завршени.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари