Наместо во сабота на 16 март, како што беше првично најавено оддржувањето на традиционалната манифестација „Тодорови трки“,  се одложува за 23 март следната сабота.

Одложувањето е заради одлуката на Министерството за образование и наука, 16 март да биде работен ден за училиштата со оддржување редовна настава за учениците.

Имајќи го во предвид фактот дека „Тодорови Трки“ е настан во кој главни учесници се токму учениците, општина Виница согласно оваа одлука на Министерствотото, го поместува датумот за

оддржување на трките.

Според најавите , во рамките на манифестацијата е планиран музички хепенинг и натпревар во сите традиционални дисциплини; трчање, возење велосипед; влечење јаже; одење на патерици; трчање со врзани очи; одење назад; јадење тортини; како и трка со коњи.

И годинава приватниот сектор од општината има обезбедено вредни награди кои ќе бидат врачени на тројцата најдобри натпреварувачи во секоја дисциплина.

Според најавите, трките треба да се оддржат следната сабота на „Градскиот стадион“ во Виница со почеток во 11.00 часот.

Општина Виница

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари