В петок, на 15 март, на локалитетот Локубија во близина на Споменикот на слободата, Општина Кочани ќе реализира акција за пошумување.

Акцијата ќе се спроведе со поддршка од КЈП „Водовод“ и со Подружницата на „Македонски шуми“ кои веќе работат на подготовка на теренот.

Раководителот на Одделението за комунални дејности и за заштита на животната средина, Александар Гицов информира дека ќе бидат засадени 500 садници дуглазија, бор ченитар со брз природен прираст.

Линијата на засадување ќе биде од осовината на Споменикот во должина од 110 метри, каде според планираното хортикултурно уредување на Локубија ќе бидат засадени и три вида жива ограда: широколисна, грмушеста и исправена иглолисна. На овој начин просторот околу Споменикот на слободата ќе добие растителна рамка.

Со овие екоактивности Општина Кочани едновремено ќе го одбележи Денот на пролетта, но ќе ја започне и реализацијата на парковското уредување околу Споменикот на слободата, локација што ќе се озеленува и со десетина култувирани садници платан и бел даб и е место на кое е вцртана изградба на три детски игралишта.

Општина Кочани

DSC_0002 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари