Професорите по предметот математика во соработка со учениците од Природно-математичката насока при СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани го одбележаа Мѓународниот ден во математичкиот свет.

По тој повод учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани изработија флаери  со кои ја запознаа пошироката јавност во Кочани со значењето на бројот „Пи“.

Денот на математичкиот свет се слави секој 14-ти Март затоа што ако се запише во облик на „ма м.дд“ тогаш се добива наједноставната апроксимација на бројот Пи: 3,14.

Воедно учениците со оваа активност го одбележаа и роденденот на Алберт Ајнштајн, познат германски теоретски физичар, со изработка на плакати.

Токму поради денешното чествување СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани беше во знакот на бројот „Пи“.

С. Ивановски

Благодарност до УМКА – СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за доставените податоци.

Pi-1Pi-2

DSCN9663

DSCN9665

DSCN9675

DSCN9660

DSCN9664

DSCN9674

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари