На 13.03.2019 во 16.40 часот во Полициската станица во Кочани, С.П.(74) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор на улица „4-та Македонска бригада“ и му понудил огревно дрво за продажба.

Пријавителот се согласил и заедно отишле да ги видат дрвата, а во меѓувреме непознатото лице се вратило назад и од сопругата на пријавителот побарал 9.000 денари за дрвата.

Таа му ги дала парите и лицето си заминало. Откако С.П. се вратил дома сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари