Денес Здружението на пензионери на Кочани го одржа своето Годишно Собрание на кое се разгледуваше и надополнуваше Статутот на здружението, а се разгледуваше и усвојуваше завршната сметка за 2018 година.

Собранието на ЗП на Кочани ја одржа и конститутивната седница на која нов четиригодишен мандат по четврти пат му беше доделен на досегашниот Претседател Ѓорѓи Серафимов.

„Заокружуваме еден мандатен период од 2015 до 2019 година. Ако ги цениме резултатите на здружението на пензионери на Кочани тие треба да ги гледаме во целиот мандатен период. Минатата година здружението имаше успех на сите полиња, но и соработката со Локалната самоуправа е на високо ниво и активностите кои се реализираат се резултат и на ангажирањето на локалната самоуправа на чело со градоначалникот Николчо Илијев“ рече Салтир Каровски, заменик претседател на СЗПМ

На конститутивната седница беше усвоена програма за работа и финансов план за 2019 година а беа избрани  и останатите органи и тела на Здружението на пензионери на Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари