Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од 15-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ го пречекува тимот на „СЦ Истатов“ кој се наоѓа на второто место на табелата и важи како еден од претендентите за највисок пласман.

Кочанчанки иако со подмладен состав се надеваат дека ќе му дадат силен отпор на реномираниот противник, но и ќе сторат се доколку им се даде шанса да се реваншираат за високиот пораз од второто коло кога во Дојран загубија со 0:14.

Двојки од 15-тото коло:

„Кочани“ – „СЦ Истатов“

„Атлетико“ – „Каменица Саса“

„Речица“ – „Тиверија“

„Плачковица“ – „Љуботен“

„Тетово“ – „Драгон“

„Борец“ – „Топ Гол“

„Ас јунајтед“ – „Прилеп“

Натпреварот во Кочани започнува во 12:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари