Координаторот на „Детска фудбалска лига – исток“ Ангелчо Гошев во координација со Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани обезбеди опрема која денес им беше доделена на фудбалските судии почетници.

Во просториите на ОФС – Кочани опрема подигнаа само тројца судии бидејќи останатите тројца од оправдани причини не можеа да присуствуваат на чинот на предавањето опрема.

„Опремата лично јас ја обезбедив се со цел да ги стимулираме и да им помогнам на фудбалските судии почетници, да бидат добро опремени кога ќе излезат на теренот. Ова е само еден мал почеток, а се надевам дека во иднина со помош на некои стопанственици и помош од ОФС Кочани ќе се обезбеди опрема не само за овие шест судии, туку и за останатите кои гравитираат во овој регион. Искажувам голема благодарност и до Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани на соработката која ја имаме“ рече Ангелчо Гошев – Координатор на „Детска фудбалска лига – исток“ по доделувањето на опрената.

С. Ивановски

P3960785

P3960791

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари