Со цел да се престават дека веруваат во Господ, и да придобијат што поголем број на гласови од верниците, во Програмите на кандидатите за градоначалници стои дека се предвидува изградба или доградба на започнатите цркви. Општина Кочани е посебен феномен, бидејќи за последните десет години се започна со изградба на две цркви, чија градба гледано од денешен аспект не е ни приближно при крај. На црквата „Свето Преображение“ темелите беа удрени 03.06.2006 година, а на „Свето Благовештение“ на 11.10.2009 година. Од поставувањето на темелите на „Свето Преображение“ поминаа повеќе од девет години, а работата е застаната онаму каде и што се започна. Од поставувањето на темел на „Свето Благовештение“ поминаа скоро шест години, црквата е покриена но работите се овде запрени. Кога ќе се заврши изградбата на црквите сега засега не се знае, но можеби „одговорот“ ќе го добиеме во некоја следна кампања. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари