Во натпревар од 15-тото коло од Првата Фудбалска Лига – жени денес во Кочани фаворитот ги оправда очекувањата, екипата на „Кочани“ претрпе убедлив пораз од мошне добрата екипа на „СЦ Истатов“ и загуби со убедливи 0:12 (0:5).

Физички доминантни а технички одлични „рибарките“ од Дојран прикажаа добра и ефикасна игра.

Почетните погодоци беа плод на добро организирани акции во кои домашниот голман се случуваше да остане сама со неколку противнички играчи.

Во првиот период гостинските играчи постигнаа пет а во вториот уште седум голови што значеше висока победа од 12:0.

Денес се одиграа уште два натпревари. Во Радовиш домаќинот „Плачковица“ загуби од „Љуботен“ со 0:2, додека во Битола „Атлетико“ и „Каменица Саса“ одиграа 1:1.

Преостанатите четири натпревари се во недела.

С. Ивановски

DSCN9681

DSCN9683

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари