Три златни медали освоија каратистите на „Партизан“ од Кочани на еден од најголемите карате турнири „Никон Опен 2019“ кој се одржа во Софија (Бугарија).

Медалите се освоени во конкуренција на повеќе од 1.000 каратисти од 22 држави што им дава посебна тежина.

„Партизан“ за турнирот учествуваше со 6 натпреварувачи а Ѓорги Петров (до 63 кгр), Роберто Здравковски (до 70 кгр.) и Мартин Стојменов (до 67 кгр.) се освојувачите на златните медалите, што не значи дека и останатите натпреварувачи немале забележителен настап.

С. Ивановски

424344

45

 

41

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари