На 17.03.2019 во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар.

Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат,  а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари