Ученици и наставници од партнерите од Велика Британија, Турција, Италија, Португалија кои се дел од проектот „ 8 струни на нашите лакови“ на средба во СОУ „Љупчо Сантов“ работеа на  развој на визуелно-просторната, вербално-лингвистичката и логично-математичката интелигенција.

На овој настан му  претходеше првата активност која што учениците од СОУ „Љупчо Сантов“  заедно со своите ментори ја реализираа од 28 Јануари до 01 Февруари при што беа дел  првиот транснационален состанок во Алжустрел, Португалија во рамките на проектот “8 струни на нашите лакови” финансиран од програмата „Еразмус +“.  Основната цел на проектот е да се поттикнат учениците  да ја сфатат важноста за личен развој преку развивање на способности кои би биле најсоодветни за нив, односно да ја сфатат важноста за користење на нивните сопствени предности за да им пристапат на различни теми и да размислуваат за нивниот омилен стил на учење. Претставници од земјите учесници во проектот беа во посета на гимназијата каде што ги посети и поздрави Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

„Овој проект е за 8 те интелигенции кои што ги поседуваме како личности. Задоволен сум и мило ми е што сум овде на посета на вашето училиште да размениме мислења и идеи во врска со проектот“, рече Мустафа Чобан,  претставник од Турција.

„Ние сме инволвирани во проектот „8 струни на нашите лакови“. Имаме три пристапи во користење на интелигенцијата, а морам да истакнам дека посебно работиме со децата со посебни потреби“, рече Џесика Кер, претставник од Англија

Идејата на проектот е да се примени теоријата за повеќекратна интелигенција на Хауард Гарднер според која постојат 8 видови на интелигенција. Учениците и менторите кои се дел од проектот во наредниот период исто така продолжуваат со активностите предвидени со проектот.

С. Ивановски

DSCN9904

DSCN9893

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари