По повод 75 год од загинувањето на Кочанските првоборци Љупчо Сантов и Раде Кратовче на 24.03.2019 год. (Недела) ПСК „Осогово“ организира планинарски марш од село Крушка до село Главовица каде ќе го посетат и ќе положат свежо цвеке на споменикот каде на 23 март 1944 год беа предадени опколени и убиени младите Љупчо Сантов и Раде Кратовче од страна на фашистичкиот окупатор .

Поагањето е од „Паркот на револуцијата“ во Кочани во 06:00 часот со организиран или сопствен превоз.

Патеката е во должина од околу 20 км и е средно тешка.

Стартно место е село Крушка на 900 метри н.в., а ќе се оди преку село Небојани до Главовица 1.600 метри н.в. и назад до село Крушка.

Контакт 078 270 724 Тошо

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари