Ништо ново кога се во прашање настапите на ЖФК „Кочани“ во Првата фудбалска лига за жени. Тие денес го претрпеа и третиот последователен пораз во пролетниот дел од првенството. Загубија во Македонска Каменица од екипата на „Каменица Саса“ 2:5 (1:1).

И на денешниот натпревар „жетварките“ играа само онолку колку што се физички подготвени, поведоа 1:0 и тука застанаа па им дозволија на разиграните „рударки“ во низа да постигнат пет голови и да дојдат до три нови бода.

Среќа е што следува пауза во првенството од две седмици поради обврските на репрезентативните селекции а потоа сите се надеваат дека колку-толку ќе  се консолидира екипата и дека ќе почнат да се остваруваат подобри резултати.

Резултати од денешното 16-то коло:

„Каменица Саса“ – „Кочани“  5:2

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“  1:2

„Прилеп“ – „Борец“  8:0

„Топ Гол“ – „Тетово“  4:3

„Драгон“ – „Плачковица“  13:0

„Љуботен“ – „Атлетико“  0:1

„СЦ Истатов“ – „Речица“  7:0

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари