Убавиот сончев ден и традицијата на одржувањето на „Тодоровите трки“ беа магнетот кој на „Градскиот стадион“ во Виница привлече неколку илјади гледачи.

Секој во својата дисциплина, а ги имаше неколку, се трудеше да биде најдобар меѓу подобрите, најуспешен меѓу поуспешните најрадосен од порадосните.

Не изостанаа трките на учениците кои секогаш се најмасовниот дел на натпреварувањето, не изостанаа ниту возењето велосипед, трчањето во вреќа, трчањето со патерици, со лажица во устата и јајце во неа, трчање со шише на главата, јадењето тортини и секако влечењето на јаже.

И сето тоа што во саботата се случуваше претставуваше радост и за учесниците но и за гледачите.

Виничани и овој пат ја сочуваа традицијата која трае повеќе години. Почетоците на „Тодоровите трки“ според изјавите на старите виничани започнале уште во 1926 година и траеле се некаде до крајот на осумдесеттите кога поради неразјаснети причини истите се прекинуваат за да повторно бидат возобновени во 2010 година.

Манифестацијата имаше и музички дел во кој имаше музика и игра за најмладите но и за повозрасните за што беше задолжен плех оркестар.

С. Ивановски

42

44

46

47

49

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари