СОУ „Љупчо Сантов“   беше домаќин на партнерите во проектот „Мојот виртуелен град“ кој е финансиран од „Еразмус плус“ програмата а истиот се спроведува во соработка со претставници од Пазарџик (Република  Бугарија), Словенија и  КЈП „Водовод“ – Кочани . На  средба што се одржа во училиштето  проектните партнери работеа на подготовки на документи за потпишување на договор за меѓународна соработка како и изготвување на план за работа.

Оваа меѓународна соработка е од особено значење за сите учесници кои се надеваат дека еден ден би можела идејата на која тие ќе работат да се реализира, истакна секретарот на советот на Пазарџик –  Румен Кружухаров.

P3970128

„Јас се чувствувам среќен што денес сум овде во Кочани, затоа што оваа е прва работна средба во рамките на овој проект. Се надеваме дека проектот ќе заврши успешно, но најважно е  учениците од двете општини, Кочани и Пазаџик да остварат меѓународна соработка и да продолжат да работат заедно, бидејќи само така ќе успееме како држави и како региони“ истакна  Румен Кружухаров, секретар на советот на Пазарџик.

Покрај обуките на професорите од трите држави, следуваат активности и за учениците од трите држави партнери во проектот,  Македонија, Словенија и Бугарија.

P3970134

P3970130

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари