Изминатиот викенд во еден од најубавите градови на Јадранската ривиера Дубровник, на Сопствениците на компанијата „ИНТ“ од Кочани им беше врачена наградата „Креатори на векот“ која е дел од престижната манифестација за Централна и Југоисточна Европа.

Наградата добива на тежина доколку се знае дека се доделува на компанија во конкуренција со уште 363 компании од Централна и Југоисточна Европа.

По повод добиеното најголемо признание на оваа манифестација, денес сопственикот на „ИНТ“ Николчо Илијев со својот менаџерски тим во просториите на компанијата одржа прес-конференција на која ги изнесе своите впечатоци.

„Задоволството да се биде во друштво со европската бизнис елита е своевидна награда за дведеценискиот развој на компанијата, која се вбројува меѓу водечките извозно ориентирани во конфекциската гранка во државата, и притоа е гарант за правилно избраниот пат и реалната визија. Наградата истовремено е потврда на вредностите на Компанијата „ИНТ“ бидејќи доаѓа од стручна комисија која ја сочинуваат врвни експерти од повеќе земји, кои ги земаат во предвид достигнувањата и остварените резултати од повеќе аспекти, притоа водејќи сметка кандидатите да немаат зад себе каква и да е дамка од аспект на деловно финансиското работење“ рече Илијев.

Во знак на доделувањето на највисоката награда на оваа манифестација а воедно и почитта кон сопственикот на Компанијата „ИНТ“, организаторите решиле токму тој да го има завршниот збор каде ги истакнал вредностите на тимското работење во компанијата, семејната упорност и заложбите за да се стигне до еден ваков успех.

Инаку наградата која му беше врачена на сопственикот на „ИНТ“ Николчо Илијев се доделува во рамките на проектот „Самит на претприемачи – 300 најдобри“ а одлуката ја донел Меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент, финансии и претприемништво од осум држави во регионот.

Досега од Македонските компании ваква награда им е врачена на Свето Јаневски од Компанијата „Тиквеш“ и постхумно на Трајче Мукаетов – „Алкалоид“, а годинава честа да ја добијат ја имаа компаниите „Макпетрол“ и „ИНТ“.

С. Ивановски

P3970145

P3970157

P3970193

unnamed

unnamed-2

unnamed-1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари