Во рамки на проектот „Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани“, а по повод 21 март, денот на пролетта, во три основни училишта во Кочани беа изберени и наградени најдобрите творби на Конкурсот за избор на најдобра творба од реупотребено отпадно ПЕТ пакување.

Конкурсот беше наменет за учениците од прво до деветто одделение од основните училишта и во него учество земаа повеќе од 100 ученици со свои творби направени исклучиво од цели или делови од ПЕТ шишиња и капачиња.

Проектот го спроведува Здружението за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ТИМ ИСТОК“  – Кочани, финансиран од Глобален еколошки фонд, Програма за мали грантови на Р.С.Македонија, а е кофинансиран од „ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО“ –  Кочани.

4243

44

45

46

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари