Паралелно со купувањето на ровокопачот, КЈП „Водовод“ од Кочани го збогати својот возен парк со уште едно возило.

Се работи за камион за собирање на смет со зафатнина од 23 метри кубни или камион кој наеднаш може да собере смет од дваесетина големи контејнери.

Цената на ова возило за собирање смет изнесува околу 110.000 евра средства кои се обезбедени од самото претпријатие.

Според најавите на раководните лица во блиска иднина се очекува и набавка на уште едно возило за метење на улиците.

С. Ивановски

IMG_1935

IMG_1936

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари