Во Сабота и Недела на програмата се натпреварите од некомплетното 17-то коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ ќе го угости „Љуботен“ со шанса да ги прокнижи првите пролетни бодови. Од клубот како што најавуваат по трите последователни порази во пролетниот дел на првенството играчите се спремни да излезат како победници од овој натпревар и со новите три бода се оддалечат од опасната зона.

Од планираните седум натпревари два се одлагаат поради обврските на репрезентацијата на Македонија У-17 на Развојниот турнир.

Парови за 17-тото коло:

„Кочани“ – „Љуботен“

„Речица“ – „Каменица Саса“

„Атлетико“ – „Драгон“

„Плачковица“ – „Топ Гол“

„Тетово“ – „Прилеп“

Одложени се натпреварите:

„СЦ Истатов“ – „Тиверија“

„Борец“ – „Ас Јунајтед“

Натпреварот во Кочани „Кочани“ – „Љуботен“ се игра во Сабота со почеток во 12:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари