Како што сме информирани во Четвртокот навечер некаде пред 19:00 часот на улицата „Браќа Ставреви“ од минувачите било забележано дека во една од куќите нешто гори, а од еден од прозорите излегува густ чад.
Информирана е веднаш Противпожарната единица од Кочани, Полициската станица и Итната медицинска помош.
Кога пожарникарите влегле во куќата успеале на катот да го изгаснат огнот и да го тргнат лицето кое било паднато на вклучениот шпорет и кое горело.
Со носила е веднаш изнесено од куќата и е предадено на лицата од Итната медицинска помош.
Неофицијално дознаваме дека поради големите изгореници лицето е транспортирано во Скопје.
Се чекаат подетални информации околу овој немил настан.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.