Требаше да дојде четвртото пролетно коло (17-коло) па кочанчанки да ја осетат сласта на победата.

По сончево време проследено со студен ветар „Кочани“ ја дочека екипата на „Љуботен“ и славеше со 1:0 (0:0).

Иако многумина веруваа дека тетовчанки ќе бидат лесен залак за „жетварките“ тоа не се обистини, напротив и двете екипи играа неповрзано, со многу грешки а на моменти и здодевно. Кога за време на еден натпревар нема да се упати директен удар кон голот на противникот, се е кажано.

Без речиси никакви возбудувања беше се до 83’ кога домаќинките го постигнаа единствениот гол на натпреварот а стрелец на погодокот вреден три бода беше Андреа Крстева.

Играта се заборава, резултатот останува.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари