Дека домашната култура ни е на најниско ниво говорат фотографии кои денес ни беа испратени од еден наш сограѓанин.

Како што истакна тој, целта му е да се еднаш засекогаш стави крај на она што го прават дел од станарите што живеат во Градскиот трговски центар блок „Б“ а тоа е фрлање на се и сешто и тоа од своите тераси не водејќи сметка дали некого од минувачите ќе погодат или не.

„Ќе ве замолам да ги споделите овие фотографии со цел некој да ги виде и можеби ќе се разбуди совеста кај него. Сведоци сме секојдневно што дел од станарите во блокот „Б“ на трговскиот центар фрлаат од своите тераси. Честопати од поголема височина паѓаат ќесиња полни со смет на самото плато без да помислат дали некого ќе погодат или не. Еве конкретно ова што денес случи човек со мозок не би го направил никогаш. Денес додека седевме во блиското кафуле од голема височина некој фрлил тегла со компот од вишни. Стакленца се разлетаа на сите страни и вистинска среќа е што некој не беше погоден. Трагите од вишните останаа, ги фотографиравме и еве ви ги испраќаме. Се надеваме дека до некого ќе допрат и фотографиите и текстот“.

По ова што го прочитавме ни останува и ние да се запрашаме што ако некое парче од стакло завршеше на некого во очите или лицето, кој ќе ја понесеше одговорноста?

Но така ти е кога  некој се однесува како се да е негово.

С. Ивановски

424344

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари