По еден месец натегање, ќе се игра – нема да се игра, денес конечно започна натпреварувањето  од пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Иако на програмата требаше да бидат четири натпревари, се одиграа само два.

Имено во Кочани „Осогово“ требаше да ја угости екипата на „Кежовица“ но по чекање и на играчите на кочанскиот третолигаш и на службените лица натпреварот не се одигра, гостите не допатуваа. Не се одигра ниту натпреварот во Лозово „Работник“ – „Брегалница сениори“ бидејќи таму домаќините не се појавиле на теренот.

Се одиграа преостанатите два натпревари и завршија со идентичен резултат.

Во Пробиштип „Рудар“ – „Овче Поле“ 1:3, и во Берово „Малеш“ – „Слога 1934“ 3:1.

Според пропозициите „Осогово“ и „Бргалница сениори“ неодиграните натпревари ќе ги добијат со службен резултат 3:0.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари