Пожарот што викендов зафати дел од Осоговските Планини, кај селото Пресека, со кој се опожарени околу 50 хектари шума и интервенциите на пожарникарите, беа повод синоќа да се состане локалниот Кризен штаб.

Претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица – Кочани, Полициската станица,  КЈП „Водовод“, Шумското стопанство „Осогово“, координирани од градоначалникот Николчо Илијев ја анализираа состојбата со конкретниот пожар и изготвија план за дејствување во текот на денешниот ден.  Целта е  со добра координација и комуникација брзо да се  реагира и да се превенира натамошното ширење на пожарите.

Според податоците на Територијаланата противпожарна единица – Кочани, мал пожар настанал во саботата, кој со брза интервенција бил запрен, но следното утро се појавил нов, на локација недостапна за противпожарните возила. Се оценува дека причина за пожарите е човечкиот фактор.  

На терен веќе дежураат екипи составени од пожарникари, инспектори, полицајци  и претставници на Шумското стопанство „Осогово“ и на Општина Кочани.  

71

72

74 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари