Агенцијата за спорт и млади со проект воведува „Младинска картичка“, којашто ќе овозможи попусти за младите од 15 до 29 години во разни области кои се од нивен интерес и се дел од нивното секојдневие.

За да им се овозможи пошироко финансиско олеснување на младите, во проектот се вклучуваат и единиците на локалната самоуправа.

За таа цел Општина Кочани упатува повик до сите правни субјекти да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти, да дадат свој придонес во креирањето на оваа алатка и да придонесат во крајната цел – подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставува можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи кај оваа граѓанска категорија.

Според првичните информации од Општина Кочани, веќе се воспоставени директни контакти со неколку трговски, угостителски, туристички и транспортни субјекти кои би можеле да се вклучат во проектот „Младинска картичка“.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари