Почитувани членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, почитувани сограѓани и медиуми!

Власта не го запира походот кон бездната!

За колку пари нè задолжи владата на Заев? Колку нови вработувања имаше во јавниот сектор? Колку капитални проекти останаа нереализирани? Колку ветувања не исполни власта? Колку понижување донесе договорот од Преспа? Колку луѓе беа повикани во полиција за слободно искажана мисла? Колку отказни решенијаи прераспределувања за неистомисленици?

Одиме кон пропаст и како земја и како народ!

Статистиките покажуваат дека состојбите во земјава драматично се влошиле – од насилства на улица, пожари во шумите и депониите, загаден воздух, бришење на се што е македонско па се додеградирано јавно здравство, и до најави за затворање на болницата во Кочани.

Власта настапува дрско а покажува решителност само кога се работи за нов мандат, за нова партиска победа на власта, викаат“напред“ ама нивниот повик е “НАПРЕД“ кон бездна!

Почитувани, на Македонија и треба надеж, таа надеж се вика “Правда за Македонија“. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова ќе стави крај секојдневното разградување на Македонија на секој план.

Добри луѓе, браќа и сестри, татковината ве повикува на патот кон победата, на патот кон подобро утре и достоинствен живот! Ве повикуваме на голем народен митинг-овде во градскиот парк во Кочани на 04 април ден четврток, во 20:30ч

Ајде од Македонија да направиме достоинствено и честито место за живеење.
За тоа треба заедно да работиме, заедно да веруваме, и да се подржуваме.

Подоброто утре и достоинствениот живот следуваат за оние кои не потклекнуваат и знаат да се изборат за она во што веруваат! Не потклекнуваат добрите, мотивираните и храбрите луѓе! Тие се луѓето кои победуваат!

Уште еднаш-парк на револуцијата на 04 април т.е. утре во 20:30ч!

За Македонија, за правда, за проф.Гордана Силјановска Давкова, за нас, за подобро утре!

Ви благодарам,

Миле Лефков

Претседател на

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

DSCN0351

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари