Кандидатот за Претседател на Северна Република Македонија подржан од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партии, Гордана Силјановска Давкова  вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани го одржа најавениот митинг.

Своето обраќа го започна со критика кон актуелната власт поаѓајќи од потпишувањето на Преспанскиот договор со кој се направи промена на името до избегнувањето како што истакна на интонирањето на химната.  Се задржа на изгласувањето на Законот за амнестија, на реваншизам кон неистомислениците но и селективноста што се прави во државата во која на обвинителна клупа не седнале ниту еден од коалициониот партнер.

Своето обраќање го заврши со зборовите: „Ако бидам избрана за Претседател, ќе го употребувам ветото, кога било која власт ќе го прекрши Уставот  и законите. Ако нема разбирање кон ветото ќе барам обраќање во Парламентот пред пратениците. Законите се за луѓето и сите треба да се еднакви пред Уставот и законите“.

Потоа на говорницата обраќање имаше и Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој побара масовност на 21-ви Април и 5-ти Мај за да победата на Силјановска биде поголема и да се создаде база за распишување на предвремени парламентарни избори.

Во своето обраќање кон земјоделците Мицкоски потенцираше дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното до повисоките субвенции.

На крајот Мицкоски го критикуваше потпишаниот Преспански договор како и неправдата што им била нанесена како што истакна на патриотите од два века казна затвор.

С. Ивановски

DSCN0387

DSCN0395

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари