Привршуваат работите за изградба на жардиниерите на улиците „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“.

Деновиве, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ врши нивно озеленување. Во армирано-бетонските монтажни елементи се засадуваат зимзелени и грмушести растенија што ќе придонесе за зголемување на зелената маса на дел од најфрквентните улици во централното подрачје на Кочани. Дополнително ќе се посее трева и други украсни растенија што ќе го подобри и естетскиот впечаток.

Минималното разделно зеленило на улиците „Никола Карев“ и „Тодосија Паунов“ се замени со жардиниери во должина од 720 м, проект за кој се наменија средства од општинскиот буџет.

Уредувањето и одржувањето на зеленилото понатаму ќе биде обврска на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Општина Кочани

DSC_0031 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари