Почитувани сограѓани, почитувани членови и симпатизери на СДСМ, почитувани медиуми

Нашата држава Република Северна Македонија секојдневно се менува на подобро и оди напред. Донесовме тешки но неопходни одлуки кои го обезбедуваат нашиот пат во остварување на нашите стратешки цели за полноправно членство во НАТО и Европската Унија. Со членството во НАТО и ЕУ обезбедуваме напредок, безбедност и нови работни места, просперитетна иднина за нашите деца и повеќе можности за младите да останат во нашата држава.

Патот на којшто заедно тргнавме, мораме заедно да го изодиме до крај, за да успееме сите.

Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се обединиме во заедничките цели – брз напредок и сигурна иднина на нашите деца.

Да се биде претседател на државата значи да се биде лицето на татковината, подеднакво дома и надвор, да се биде гордост на граѓаните.

Да се биде претседател значи да се обединува, а не да се дели, да се поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање.

Да се биде претседател значи да се има храброст и одважност да се донесуваат тешки одлуки, а не да се затскрива зад пропагандата на стравот и омразата.

Претседателот води, претседателот обединува, претседателот е лицето на татковината, гордоста на граѓаните, прв граѓанин на државата еднаков со сите граѓани и лидер за сите граѓаните.

Почитувани сограѓани, нашата држава заслужува да има таков претседател, неговата визија е општество без поделби, сигурна и стабилна држава, подобра иднина за нас и нашите деца.

Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!

Затоа Ве поканувам на митинг со нашиот кандидат и иден претседател на Република Северна Македонија. Стево Пендаровски во четврток на 11.04.2019 год., со почеток во 20:00 часот, во спортската сала во дворот на гимназијата ,,Љупчо Сантов‘‘ во Кочани.

ОО на СДСМ – Кочани

DSCN0850

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари