Кочани како и целиот источен регион остануват со висока стапка на невработеност и  најниска просечна плата по региони споредено со цела Македонија.

Иако најголемиот пад на невработеноста и пораст на просечната плата дојдоа како резултат на активните мерки за самовработување и на  странските инвестиции кои без донесени во Кочани, оваа власт покажува целосна незаинтересираност за овие проблеми и не превзема ништо за привлекување на нови инвеститори!

Во Кочани не е донесена ниту една странска инвестиција.

Прашуваме дали овој застој се должи на инертноста и неспособноста на локалната самоуправа  за превземање на конкретни чекори кои инвеститорите ги бараат? Дали локалните функционери имаат други приоритети?

Инвестициите не доаѓаат сами!

За привлекување на инвестициите Антура и Анфенол, Општина Кочани изготви и донесе Урбанистички план вон населено место за локацијата во местото „Виничка вада“ . За реализација на оваа инвестиција беше изградена нова водоводна и канализациона мрежа до самата локација. Заедно со државата и ЕВН беше изграден нов подземен електричен кабелски вод и тоа од главната трафостаница на Грдовски пат до локацијата во должина од околу 4 км. Се изгради и  пешачка патека од магистралниот пат до мостот на Кочанска река покрај локацијата на Антура и на истата патека се постави улично осветлување. Благодарејки на ова овие инвестиции работат, допринесуваат за развој на економијата во Македонија а во Кочани вработуваат.

Само Амфенол, денеска дава работа на  околу 1700 наши сограѓани.

И наместо сега кога се на власт да се посветат на работа, функционерите од СДС уживаат во благодетите на власта, а деновиве, во кампањата за претседател гледаме дека се грижат само за да останат на власт!

Работат само за свои интереси а   градоначалникот само добива и доделува плакети по нај различни основи! Со нови странски инвестиции, ќе растеше и платата на вработените, ама можеби повисоките плати за работниците некому во оваа власт не му одат во прилог!

Поради сето ова повикуваме,  сите заедно на 21 април да го дадеме својот глас за проф.Гордана Силјановска Давкова, за да знаат дека народот гледа и цени и дека Македонија не е имот кој чека да биде распродаден по намалена цена!

Ви благодарам

DSCN0872

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари