Владејачката гарнитура која една деценија уживаше во благодетите од своето владеење, безмилосно крадеше, манипулираше и узурпираше права, која пред сè го ставаше личниот интерес, секојдневно се огласува и моли да се врати на власт.

Инертност и неспособност веројатно има, но само кај дел од локалната администрација, таму каде што тешко се искоренуваат навиките стекнати преку привилегии на партиско-семејните поколенија.

ДПМНЕ сè уште не им одговори на граѓаните каде одеа по 150 илјади евра за една учебна година од школскиот превоз.

Сегашните раководители сега инвестираат во училиштата, бидејќи ги вратија долговите во кои ги втурнаа оние коишто сега без никаков срам сакаат да се вратат на власт.

Свежи се сеќавањата и раните од претходната власт, затоа граѓаните не му веруваат на ДПМНЕ. ДПМНЕ имаше можност да покаже што и колку умее – на повеќе нивоа на владеење.

Граѓаните на 21 април ќе потврдат дека се против сиот криминал, грабежот, против корупцијата, против злосторствата што се правеа. Ќе потврдат дека избираат опција на зедништво, дека бираат сигурна иднина, заедно да одиме напред!

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари