Се одиграа натпреварите од 17-тото вонредно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Натпреварот во Кочани помеѓу првопласираните две екипи „Осогово“ и „Овче Поле“ заврши без победник, по што разликата од шест бодови остана и понатака.

Гостите од Свети Николе кои се претставија како мошне добра екипа, поведоа уште во раната фаза од натпреварот што создаде додатна нервоза кај „жетварите“ па по примениот гол тие повеќе грешеа отколку што имаа добро изработени акции. Залудни беа реакциите на тренерот Андонов кој ги мотивираше своите фудбалери да играат смирено и со смислени  акции да почнат да го загрозуваат гостинскиот гол, но ……

Сепак на почетокот од вториот дел се виде дека советите во соблекувалната вродија со плод па домаќините од самиот почеток на второто полувреме почнаа да атакуваат кон голот на гостите. Особено активен беше Паунов нај расположениот играч кај домаќините преку кој речиси одеа сите напади.

Во 53’ по еден старт над еден домашен игра во шеснаесетникот на гостите судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот беше Паунов што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во Делчево домаќините ја совладаа екипата на „Слога 1934“ додека во Берово „рударите“ од Пробиштип му нанесоа вистинска катастрофа на „Малеш“ .

Резултати од 17-тото коло:

„Осогово“ – „Овче Поле“  1:1

„Брегалница сениори“ – „Слога 1934“  2:0

„Малеш“ – „Рудар“  1:5

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари