Почитувани,

Заглави ли изградбата на патот Штип – Кочани?

Експресниот пат Штип – Кочани е нов патен правец долг 28 километри.

Експресниот пат Штип-Кочани  почна да се гради во 2017 и според предвидената динамика треба да биде завршен кон крајот на 2019 год., но по се изгледа дека пуштањето во употреба ќе се одложи.

Проблемите и изговорите за реализација на овој проект се многубројни!

Како и со сите проекти со кои се зафати оваа влада и оваа локална самоуправа, слушаме само изговори, а нема резултати! Завршувањето на Експресниот пат барем според она што можеме да го видиме на терен е далеку од предвидениот рок!

Прашуваме, кога планирате овој многу важен патен правец да биде завршен и да биде пуштен во употреба?

Деновиве гледаме и слушаме дека викате ЗАЕДНО НАПРЕД ама напред по што? Дали вашето напред се однесува само на вашите кариери? Заедно напред ќе беше супер како слоган за новиот експресен пат, а вака е само смешен позајмен слоган!

Повиците за заедно напред се зачинети само со коментари за некои минати времиња, барате вина во сите за вашиот неуспех, а лицемерно викате Напред!

Граѓаните гледаат, судат и знаат да отценат кој работи, а кој само живее во минатото!

Затоа Ве повикуваме сите заедно на 21 Април да дадеме поддршка на проф. Гордана Силјановска Давкова.

Ви благодарам,

P3970478

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари