Почитувани,

ДПМНЕ во секој инфраструктурен зафат гледаше личен профит.

Владејачката гарнитура која една деценија уживаше во благодетите од своето владеење, безмилосно крадеше, манипулираше и узурпираше права, која пред сè го ставаше личниот интерес, секојдневно се огласува и моли да се врати на власт.

ДПМНЕ прашува за експресниот пат Штип – Кочани, а ги заташкува залудно фрлените пари за погрешните трасирања на патиштата, обиколниците кои однесоа жртви, договарањата провизии со „жолтите“, градењата без одобренија и градежни дозволи. Тоа е нивниот стил на работење – секој инфраструктурен проект беше важен заради личниот профит.

Почитувано раководство на ДПМНЕ, зборувате за работи што ги оставивте заглавени!

Пред да прашате јавно за експресниот пат, земете ги извештаите од консултантот на Европската банка, за да видите каков проект оставивте, дали може да се гради со 15 % завршена експропријација?! Да, експресниот пат Штип – Кочани требаше да биде завршен, но доколку бил почнат со завршена експропријација. Европската банка дозволи да започнат работите на терен дури откако заврши експропријацијата, поучена од порано, од застоите кои настануваа поради тоа.

Експресниот пат ќе биде реалност, како и обиколницата на влезот во Кочани која започнува да се гради идната седмица; реалност како што е по 40 години рехабилитираната делница Пониква –Кочани, заедно со „Страшо Ербапче“, како изградбата на патот Тркање – Пишица за рекордни два месеца, како проширувањето на „Стево Теодосиевски“ и уште долга листа улици и патишта во Кочани, кои се градат со суми половични од оние што моќниците на ДПМНЕ ги местеа на тендерите.

ДПМНЕ имаше можност да покаже што и колку умее – на повеќе нивоа на владеење.

Граѓаните на 21 април ќе потврдат дека се против сиот криминал, грабежот, против корупцијата, против злосторствата што се правеа. Ќе потврдат дека избираат опција на зедништво, дека бираат сигурна иднина, заедно да одиме напред!

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари