Вечерашниот митинг на кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија подржан од СДСМ и коалиционите партнери Стево Пендаровски младите од Кочани, членови на СДММ го искористија да се сретнат со него и да дебатираат по прашањата кои ги засегаат токму нив.

Под слоганот „Заедно напред, заедно до целта“ младите од Кочани средбата ја организираа на „Споменикот на слободата“ во Кочани.

При своето обраќање Пендаровски рече: „Пораката за младите од Кочани и кочанско е иста како и пораката за младите во целата држава. Знаете дека овој регион и некои други во истокот на нашата земја се посебно погодени од иселувањето, но мојата политика и политиката што ја води оваа владина структура во оваа година и половина до две е што е можно побрзо Македонија да стане дел од европските структури“.

Понатака Пендаровски истакна дека радува податокот што на сите средби досега повеќето од половината присутни се млади луѓе што е знак  дека оваа политичка опција која ја застапува и тој нуди европска перспектива за младите кои како што потенцираше десет години за време на владеењето на режимот беа запоставени.

„Со забрзани чекори државата оди кон Европа, добивме покана за членство во најголемиот сојуз и очекуваме тоа да финишира до крајот на годината со што ќе станеме полноправна членка на НАТО. До јуни доколку продолжиме со реформското темпо, ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Заедно напред, заедно до целта, до Европа и подобра иднина за младите“ рече Пендаровски.

При искачувањето до, и слегувањето од „Споменикот на слободата“ Пендаровски имаше кратки средби со дел од граѓаните кои ги среќаваше на улиците низ овој дел на Кочани.

С. Ивановски

P3970512

P3970598

P3970535

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари