Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија подржан од СДСМ и коалиционите партнери Стево Пендаровски вечерва во „Спортската сала“ во Кочани го одржа најавениот митинг.

Во своето обраќање пред присутните, Пендаровски зборуваше дека определбите за влез во НАТО и Европската унија е вистинскиот правец по кој треба да се оди бидејќи само така ќе има можност за отворање на нови перспективи и дополнителна финансиска поддршка за развој на стопанството, а во овој случај на земјоделиет, односно оризопроизводството.

„Не само со влезот во Европската унија, туку и со почетокот на преговорите за влез, нашата држава ќе има потенцијална можност да повлече пет до шест пати повеќе пари од европските фондови, во споредба со она што го дава владата како субвенции за развој на одредени гранки во земјоделството. Тоа е така,затоа што Европската унија сака да има рамномерен регионален развој, поради што ние би имале огромна шанса со предлагање на соодветни проекти да добиеме поголема финансиска поддршка од нејзините фондови за земјоделството“ рече Пендаровски.

DSCN1159

Околу прашањето на правосудниот систем во државата Пендаровски истакна дека како претседател ќе се залага за комплетно негово реформирање, но и подвлече дека специјалното јавно обвинителство не смее да згасне.

„Политички мораме да овозможиме Специјалното јавно обвинителство да продолжи да живее. Ве уверувам дека после изборите потребните две третини за поддршка ќе бидат изнајдени, не затоа што тоа Европа го бара од нас, туку затоа што сите сме должни пред себе и младите генерации да покажеме дека ова е правна држава. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара, а СЈО ќе мора да ги заврши и тие истраги што ги почна за тој период за кој й е формирано. Истовремено и секој од актуелната власт кој ќе ги прекрши законите, ќе мора да одговара пред тоа исто СЈО“ истакна Пендаровски.

С. Ивановски

DSCN1139

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари