Со цел подобрување и олеснување на интерната комуникација и сообраќајна поврзаност меѓу жителите на с.Лаки, општина Виница на нивно барање работи на реконструкција на постоечки мост во горниот дел од селото, но и на изградба на нов мост кој ќе им овозможи брз и непречен пристап до селската црква.

DSC_2299

 

Градоначалникот Ивица Димитров вчера изврши увид во тековните градежни активности и изрази задоволство од можноста конечно да им се олесни движењето и комуникацијата на жителите на с.Лаки., кои со децении мораа да го заобиколуваат целото село за да стасаат до селската црква, а сега сето тоа ќе се одвива брзо и непречено во само неколку чекори.

DSC_2336DSC_2312

Изградбата на овие мостови треба да заврши до крајот на месец април, а во најава е санација и реконструкција на мостови и во селата Пеклани и Истибања.

Овој инфраструктурен зафат е овозможен со средства од сопствениот буџет.

Општина Виница

DSC_2292

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари