Кочани и кочанчани вчеравечер во спортската сала на трибината на Стево Пендаровски видоа како не треба да се води држава, како не треба да се води една општина па дури и како не треба да се води една партија.  Видовме селекција и елитизам!

Видовме партиски кандидат за кој македонската химна нема тект, видовме претседателски кандидат опкружен со СИТЕ ново вработени во последните две години!

Видовме човек, партија, институции споени во едно како за свои сопствени интереси го загрозуват добивањето на датумот за преговори со ЕУ!

Како до датум за преговори со ЦЕЛОСНА партизација на институциите? Како до датум за преговори без никакви реформи? Како до датум кога во Кочани немате една шајка заковано-една! Како до датум кога ваши директори и функционери им се закануваат на вработените кои не се СДС?

А земјоделците и проблемите на земјоделците од Кочани и кочанско не сакате  ниту да ги споменете! Исто така намалените пензии и зголемените пензии не ги ни спомена!

Зборувате за рекорден број на странски инвестиции – ама дали ви кажаа од ПР-от дека во кочани нема нови странски инвестиции НЕМА!

Од вас вчера слушнавме дека Македонија  има поголем напредок и од Швајцарија и Норвешка заедно! Ама не е така-ние сме на дното и единствен начин да се подигнеме е да го смениме овој начин на работење!

Кочани сака ново лице, г.Пендаровски а тоа нема да бидете вие-Кочани овој пат ќе ја даде својата подршка на професорката!

Вие имавте шанса и како кандидат и како власт-многу аир не видовме, овојпат жена за претседател и ќе не биде-конечно!

Ви благодарам!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари