ДПМНЕ се преплашени од изборниот пораз што ги очекува.

Владејачката гарнитура која една деценија уживаше во благодетите од своето владеење, безмилосно крадеше, манипулираше и  узурпираше права, која пред сè го ставаше личниот интерес, секојдневно се огласува и моли да се врати на власт.

По вчерашниот митинг на нашиот кандидат за претседател – ДПМНЕ е потресено и дезориентирано, зборува како изминативе десет години претседател да не бил нивниот кандидат. Или сега, не им чини неговото работење?!

Вчера ДПМНЕ виде преполна сала и слушна овации. Виде поддршка за заедништвото и напредокот, за владеењето на правото. Виде сигурни определби против корупцијата. Виде отворен пат кон Европската унија. Како да не се плаши, кога нивната кандидатка неодамна не знаеше дали е во Кочани или во Кичево?!

Лагите на ДПМНЕ продолжуваат, затоа што гледаат како се води и како требало да се води општината. Тоа им пречи и тоа ги плаши.

Ако во Кочани не е закована шајка, почитуван претседателе, нема да одите по нов асфалт поставен пред неколку месеци токму пред вашиот дом. Граѓаните на Кочани не им веруваат на вашите лаги, затоа што и пред нивни и пред ваши очи се гради, само што тоа не ви годи вам – немате провизии и не можете да местите тендери! Па зарем вие, како директор на училиште, не бевте соучесник во организирањето на школскиот превоз за кој годишно се трошеа

баснословни 150 илјади евра повеќе отколку денес?! Времето на безмилосното трошење на народните пари за споменици и за вашите бели палати – помина.

На 21 април, победа на за Пендаровски!

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари