Карате клубот „Тигар“ од Скопје беше домаќин на Меѓународниот карате турнир „Гази баба Опен 2019“ кој денес се одржа во Скопје.

На турнирот на кој се појавија голем број на натпреварувачи, каратистите на „Кочани“ учествуваа со седум каратисти кои освоија пет медали, од кои еден сребрен и четири бронзени.

Елена Стојанова во категоријата од 10-11 години (+ 40 калиграми) го освои сребрениот медал, додека со бронза се закитија:

Иван Арсов – категорија 10-11 години (+ 45 килограми);

Наталија Карова – категорија 12-13 години (до 45 килограми);

Драгана Нисева – категорија 14-15 години (до 54 килограми) и

Љубомир Давитков – категорија 16-17 години (до 76 килограми).

На турнирот учествуваа повеќе од 500 каратисти 40 клубови од Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора.

С. Ивановски

22

23

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари